Во Јужна Митровица денеска околу 14 часот едно беспилотно летало кое му припаѓа на КФОР принудно слетало во двор во населбата Баир.
Од КФОР за Косово онлајн потврдија дека се работи за нивно летало наведувајќи дека „дронот поради дефект слетал во една приватен двор во Митровица“.
Како што наведуваат од КФОР „дронот не предизвикал последици врз луѓе ниту пак материјална штета“, а веднаш по слетувањето го презеле припадници на косовската полиција, пишува Косово онлајн.
Беспилотното летало спроведувало рутинска набљудувачка мисија како поддршка на активностите на КФОР. Исто така КФОР сака да му се „заблагодари на локалното население на разбирањето и соработката и што веднаш ги контактирале косовските власти, што овозможило брзо преземање на дронот и ублажување на сите непријатности предизвикани од инцидентот“, пишува Косово онлајн.
КФОР веќе започна истрага за утврдување на причините за овој инцидент.