ВИДЕО | Дани Димитровска и Никола Мицевски со преработка на „Дејгиди, луди млади години“

1 min read

Македонската народна музика создавана низ веквите е приказ за живототот на нашите претци. Истата, до ден денес е извор на инспирација на многу уметници.

Еден таков пример е преработката на старата македонска народна песна „Дејгиди, луди млади години“ во рамки на проектот „Етно&Џез“ кој има за цел да го врати автентичниот мелос во сосема ново светло. Претходно во рамки на истиот проект беа преработени песните „Каранфило филфило моме“ и „Бело лице љубам јас“.

Аранмжанот на песната е дело на Никола Мицевски, кој воедно се потпишува и како продуцент на истата. Главен вокал е нашата пејачка Дани Димитровска. А, покрај Дани, придружни вокали се Полина Тасева и Агни Авшар кои на песната ѝ даваат сосема дополнителен шарм.

Покрај Никола Мицевски на пијано, за музиката се одговорни и Иван Бејков на контрабас, Дино Милосављевиќ на тапани, Петар Христов на кларинет и Владимир Крстев на виолина.

Овој проект несомнено е голем предизвик за секој музичар, затоа што целта на меѓусебната соработка и обработка е да се создаде нешто ново, од веќе постоечко. Овој циклус обработки на традиционални песни во џез верзии е предивдено да кулминира со концерт во МОБ и албум.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Столтенберг: Сојузниците загрижени дека Кина може и материјално да и помогне на Русија

Следно

УЕФА ќе го укине финансискиот фер-плеј!?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian