Велковски: Имаме сериозен проблем што Скопје не го направивме затворен град

1 min read

Можеби ќе треба да сега да се ревидира Генералниот план на градот, затоа што ги надминавме сите проценти и параметри на густина на живеење по хектар на живењње, како што е планирано, изјави за Утрински брифинг Никола Велковски поранешен главен архитект на Град Скопје, екс претседател на Здружението на градежништво при Стопанската комора на Северна Македонија.

-Треба да одиме на ревидирање и цело преиспитување на сите оние намени што Градот Скопје ги зацртал во 2012-та година. Ги надминавме деловите околу намените за домување. Скопје треба да се сведе на минимум на станбената градба. Има делови кои што треба да се доурбанизираат, но треба да се смали катноста, вели Велковски.

-Имаме сериозен проблем што Скопје не го направивме затворен град. Мораше да се прејде кон некоја форма на затворање на градот во смисла да не може да се добие престој, вели Велковски.

skopjeinfo.mk

Претходно

„Слимлајн“ капсули произведени за Македонија, повлечени од српскиот пазар зашто во нив имало „прозак” антидепресив

Следно

Кличко: Русија врши геноцид во Украина, кошмар е тоа што се случува

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian