УЕФА објави кои земји се пријавиле за Евро 2028 и 2032 година

1 min read

Се чекаше последниот ден земјите да испратат официјални понуди за кандидатура по повод Европското фудбалско првенство во 2028 и 2032 година.

Претходно денеска тоа јавно го потврдија Обединетото Кралство и Ирска, а потоа Русија и Турција.

УЕФА ги потврди тие три кандидатури, со додавање дека понуда испратила и Италија, но само за организација на ЕП во 2032 година.

Заедничка кандидатура за ЕП 2028 поднесоа Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Република Ирска.

Русија и Турција изразија желба да го организираат Европското првенство во 2028 или во 2032 година.

Домаќинот на ЕП 2028 ќе го дознаеме во септември 2023 година, а потсетување дека ЕП 2024 ќе се одржи во Германија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

РЕЦЕПТ | Баш дека е среда: Коктели со виски кои се прават за 5 минути

Следно

Се бара чаре како да поевтинат патарините, вели Бочварски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian