Шолц: Војната ја уништува Украина но и иднината на Русија

1 min read

Инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина е во застој и покрај секојдневните напади извршени од неговите војници, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Тој додаде дека Киев може да „смета на нашата помош“.

– Офанзивата на Путин е заглавена и покрај сето уништување што го носи ден за ден, појасни Шолц.

Според него, рускиот лидер „мора да ја слушне вистината“ дека не само што војната ја уништува Украина, „но, исто така и иднината на Русија“. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Приведен дилер во Кочани, пронајден хероин

Следно

Партијата на Македонците на Србија, на листата на опозиционата „Обединети за победа на Србија“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian