Се формира зелен коридор на улицата Лазар Личеноски

1 min read

Екипи на ЈП Паркови и зеленило работат на хортикултурно уредување и формирање зелен коридор на улицата Лазар Личеноски во непосредна близина на ЈП Водовод и канализација на површина од 310 квадратни метри.

Се обработува површината и се нанесува плодна почва, по што ќе се постави систем за наводнување и подигне тревник. Хортикултурно се уредува и јавната површина која се наоѓа на крстосницата меѓу улицата Бутелска и улицата Призренска, спроти црквата Св. Јован.

Вкупната површина изнесува околу 790 квадратни метри. Интервенцијата се одвива етапно со отстранување на шутот и прекопување на старата почва, нанесување на квалитетна нова почва, поставување на систем за наводнување, садење вегетација и формирање тревник.

На јавните површини што се уредуваат планирано е засадување зимзелени, листопадни садници и грмушки, а изборот е направен на видови кои покажуваат солидни резултати на дадената површина и функционално се приспособени во просторот, информираа од Град Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Средба Петровска-Шедиви: Ги разгледуваме можностите за идна соработка со оваа Европската одбранбена агенција

Следно

Столтенберг: Сојузниците загрижени дека Кина може и материјално да и помогне на Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian