Се бара решение за сообраќајниот хаос во Автокоманда

1 min read

Во просториите на општина Гази Баба утрово се оддржа средба помеѓу работните групи од општина Гази Баба и ЈП Градски Паркинг со цел изнаоѓање на решение за сообраќајот во мирување во населба Автокоманда. На состанокот присуствуваа и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и директорот на ЈП Градски паркинг Бојан Христовски.

За состанокот градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

Утрово заедно со директорот Бојан Христовски го оддржавме првиот состанок помеѓу работните групи на ЈП Градски паркинг и општина Гази Баба со цел изнаоѓање на решение за регулирање на сообраќајот во мирување и ставање крај на сообраќајниот хаос во Автокоманда.

Следните денови работните групи интензивно ќе работат на креирање предлог решение по што ќе започне теренска анкета во која граѓаните на Автокоманда ќе го кажат последниот збор за решението. – напиша Стефковски

skopjeinfo.mk

Претходно

Три месеци кумановци немаат јавен превоз поради тендер за линии: И ученички автобуси не возат една недела

Следно

Пронајдена е една црна кутија од Боинг 737 кој се урна во Кина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian