Сандра Булок призна за кој филм се кае што некогаш го снимила: Сè уште ми е непријатно

1 min read

Иако поминаа веќе 25 години, Сандра Булок сè уште не може да си прости што се согласила да се појави во еден филм, пренесува „toofab“.

ФОТО | За неа, времето стои: Ви се верува дека Сандра Булок има 57 години?

Холивудската актерка деновиве го промовира својот најнов филм „The Lost City“ во кој глуми заедно со Даниел Редклиф, поради што дава бројни интервјуа.

Па, еден новинар ја наврати Сандра Булок на својата богата филмска кариера.

На прашањето дали има некој филм во нејзиниот живот поради кој ѝ е непријатно, 57-годишната Сандра Булок одговори без многу размислување.

„Има еден што не им се допадна на обожавателите, а поради тоа ми е непријатно и до ден денес. Се вика „Speed 2“. Бев многу гласна. Немаше никаква смисла. Брод кој полека оди кон островот… Жалам што воопшто го снимив“, рече таа.

Станува збор за продолжението на хит филмот „Speed“, чиј прв дел го сними со Кијану Ривс, додека во продолжението од 1997 година ја придружува Џејсон Патрик.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски: Милиони наши луѓе постојано се докажуваат како херои

Следно

Пандев: Отсуството на Кјелини и Бонучи може да биде предност за Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian