Русите го нападнаа Шварценегер на државната телевизија

1 min read

Русите првично го игнорираа обраќањето на Арнолд Шварценегер, но набрзо руските државни медиуми го нападнаа. Говорот што тој им го упати, меѓу другото го нарекоа и холивудска продукција.

Неодамна, Шварценегер објави видео на својот инстаграм-профил каде го следат 22 милиони луѓе. Актерот апелираше за крај на војната, и како што истакна, сака да им ја открие на Русите вистината за војната на Путин.

Телевизискиот водител Вадим Гигин жестоко го коментираше неговото обраќање во емисијата „Недела вечер“ со Владимир Соловјов.

„Тоа е лице од кориците на американскиот империјализам и колонијализам“, рече тој за Шварценегер, а неговото обраќање го нарече холивудска продукција. „Тој од Калифорнија ќе ни ја каже вистината нам, кои живееме овде?“, тој додаде.

Соловјов рече дека Шварценегер двапати го посетил Ирак за да ги поддржи американските трупи и никогаш таму не одржал сличен говор.

Руските медиуми решија да му одговорат на Шварценегер откако неговото обраќање стана вирално на платформата „Телеграм“, на која се префрлија голем број Руси по блокадата на „Инстаграм“ во нивната земја.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Иран: Нуклеарниот договор „поблиску од кога било досега“

Следно

Абрамович го купува клубот за кој игра македонскиот репрезентативец Јаховиќ!?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian