Денес е среда, а ние веќе ги чувствуваме камшиците на работната недела. Секој се опушта на различен начин, претежно пред телевизор со некоја „штетна“ храна(генерализирам), но ако сакате нешто да ви ги отапе нервите и погали сетилата, пробајте ги овие рецепти за коктели со виски – надалеку познати , кои непристојно кажано, се толку лесни што може дете да ги направи.
Whiskey Sour

Потребни состојки:
- 50 мл бурбон
- 35 мл сок од лимон
- 12 мл шеќерен сируп
- околу 2 мл „Angostura bitter“ ликер
- ½ пресна белка од јајце
- мраз
- парче кора од лимон
- за гарнир: марашино цреши, кора од лимон или прескокнете
Метод:
Ставете ги сите состојки(освен кората од лимон) во шејкер и силно протресете ги со мраз. Исцедете ги во чаша исполнета со мраз. Свиткајте ја кората од лимон со сјајната страна надолу над пијалокот, така што миризливите масла ќе се испрскаат по површината. Отфрлете ја кората и послужете. Додадете гарнир ако сакате.
Drop It Like It’s Hot

Потребни состојки:
- 50 мл шкотско виски
- 7 мл мед
- околу 3 мл „Angostura bitter“ ликер
- парче кора од портокал
- 1 лажица какао во прав
- мраз
- за гарнир: кора од портокал, парчиња сирово какао или прескокнете
Метод:
Ставете ги сите состојки(освен кората од портокал)во шејкер и силно протресете ги со мраз. Исцедете ги во чаша исполнета со мраз. Свиткајте ја кората од лимон со сјајната страна надолу над пијалокот, така што миризливите масла ќе се испрскаат по површината. Отфрлете ја кората и послужете. Додадете гарнир ако сакате.
Mint Julep

Потребни состојки:
- 65 мл бурбон
- 10 листови нане
- 12 мл шеќерен сируп
- мраз(кршен и коцки)
- за гарнир: големо гранче нане или прескокнете
Метод:
Ставете ги сите состојки во шејкер и силно протресете ги со мраз. Процедете ги во висока чаша исполнета со кршен мраз. Нежно промешатје со лажица со долга рачка – движејќи се по контурите на чашата и додадете мраз. Додадете гарнир ако сакате.