Привршува реконструкцијата на улицата Варшавска во Карпош

1 min read

Општина Карпош ја започна завршната фаза од реконструкција на коловозот на ул. Варшавска (од ул. Париска до ул. Лондонска), во населбата Тафталиџе 1. 

За оваа намена, локалната самоуправа ја ангажираше фирмата „БИТЕМ“ која поставува нов асфалт на коловозот во вкупна должина од 720 метри, широчина од 9, 5 метри, а исто така изврши делумна промена на рабниците во должина од 300 метри, информираа од општина Карпош. 

Проценетата вредност на овој инфраструктурен проект изнесува 6.353.000 денари со пресметан ДДВ. Оттука, дел од финансиските средствата се искористени од под-заемот склучен меѓу локалната самоуправа и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, во висина од 4.284.632 денари, додека пак Општина Карпош го кофинансира проектот  со сопствени средства, во вкупен износ од 2.068.369 денари. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Арсовски: Нема информација за пополнување нови амбасадорски места

Следно

Зеленски: Милиони наши луѓе постојано се докажуваат како херои

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian