
Имено, на Алина ѝ се заканува депортација од Швајцарија, а нејзините пријателки веруваат дека сега е идеална можност да одлета назад во Русија и да разговара со Путин.
„Пријателките на Алина ја молат да одлета кај Путин и да го убеди да ја прекине војната. Изгледа дека тој не слуша никого, но можеби неа ќе ја послуша“, рекол изворот.
Сепак, тој додал и дека Путин е многу сигурен и дека постои шанса Алина воопшто да не може да дојде до него.

Дури и да сака, не знае дали ќе може повторно да биде со нивните деца.
Кабаева е 38-годишна поранешна гимнастичарка со олимписко злато, а со 69-годишниот Путин наводно има четири деца. Иако за нивната врска се шпекулира уште по неговиот развод со Људмила, тие двајца никогаш не зборувале за својот однос.
Откако се шпекулира за нејзината врска со Путин, Алина ги проретчи појавувањата на јавните настапи. Таа неодамна се огласи за руската инвазија на Украина.