Пленковиќ: Во Хрватска пристигнаа над 9 илјади Украинци

1 min read

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска извести дека во Хрватска досега влегле 9.357 Украинци и им порача на префектите и претставниците на градовите и општините дека најважно е да се реши прашањето за нивно сместување и да се покријат трошоците кои ќе дојдат со тоа.

На средбата со префектите, претставниците на Заедницата на градовите и на Хрватската асоцијација на општини и на Меѓуресорската работна група за прием и згрижување бегалци од Украина, Пленковиќ ги презентираше најновите податоци, според кои утрово во Хрватска влегле 9.357 бегалци, 1.172 мажи (12,5 проценти) и 3.629 деца (38,8 проценти).

Важно е да се реши прашањето за сместување, вели Пленковиќ

Премиерот посочи дека средбата има за цел да ја подобри ефективноста на координацијата меѓу владата и единиците на жупаниската самоуправа и да разговара за тоа што може да се подобри во постојната структура.

„Прашањето за сместување, покривање на трошоците за тоа сместување и сеопфатна политика е особено важно. Тоа е политика на добредојде, солидарност и достоинствено прифаќање на украинските бегалци, ние сме должни да го направиме тоа и сакаме да го направиме тоа“ вели хрватскиот премиер.

Ќе продолжиме да помагаме со сите можни средства, особено на хуманитарен план. Хрватска во овој момент е на вистинската страна на историјата и меѓународното право, но и на оние вредности кои се засноваат на нашиот Устав, рече хрватскиот премиер Пленковиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски ја отвори душата: Ретко го гледам семејството! Моите деца знаат што се случува!

Следно

ФОТО | Кејт Мидлтон воодушеви со модните комбинации: Изгледа подобро од кога било

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian