Партијата на Македонците на Србија, на листата на опозиционата „Обединети за победа на Србија“

2 mins read

„По сите навреди од еден член на актуелната српска влада, не очекувајте ниту еден глас од Македонците во Србија на претстојните избори, бидејќи тоа не го заслужувате со вашата арогантна и националистичка политика“, им порача претседателот на партијата на Македонците во Србија Горан Илијевски на премиерката Брнабиќ и министерто за одбрана Александар Вулин. 

Имено во мај 2020. министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин му кажа на претседателот на Северна Македонија Пендаровски дека „слободно може да молчи на јазик што никој освен Србија не го признава“, коментирајќи го противењето на Пендаровски на идејата за размена на територии. меѓу Србија и Косово.

Оваа партија на македонското национално малцинство денеска е дел од листата „Мариника Тепиќ – Обединети за победа на Србија“.

Во 2020 година, Демократската партија и Партијата на Македонците на Србија постигнаа договор за заедничко дејствување. Претседателот на Демократската партија Зоран Лутовац и претседателот на Партијата на Македонците на Србија Горан Илијевски договорија соработка меѓу двете партии и се обврзаа на заедничка борба за слободно општество, се вели во соопштението на Демократската партија.

Во програмата на оваа партија се наведува дека меѓу другото се за демократизација на општеството, за правата на македонското национално малцинство, за образование на македонски мајчин јазик, не сакаат асимилација, ниту пак сакаат да ја напуштат Србија.

Сакаат и еднакви права и слобода за сите граѓани и затоа, велат, ќе се борат за што побрза изградба на граѓанското општество во Србија.

Партијата на Македонците на Србија е запишана во регистарот на политички партии од 29 февруари 2016 година, се вели во документот објавен на веб-страницата на партијата.

 

Претседател е Горан Илијевски, кој своевремено преку телевизијата  Н1 ги обвини српските медиуми  дека во Србија се прави лажна слика за Македонците и  дека се тенденциозни кон тогашниот  премиер Зоран Заев.

Илијевски јавно ги праша медиумите во Србија дали некој од нив  објавил дека Македонија не гласала за прием на Косово на Светската студентска универзијада, а притоа  Кина и Русија гласале. 

 Претходно Илијевски предупреди и на ненаменско  трошење на средствата кои Националниот совет на Македонците ги добивал од државата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шолц: Војната ја уништува Украина но и иднината на Русија

Следно

Пријателките ја молат љубовницата на Путин да го притисне да ја прекине војната

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian