Иако ќе недостасува Елиф Елмас во натпреварот в четврток против Италија, поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев верува дека нашата предност во Палермо може да биде отсуството на искусните одбранбени играчи Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи.
Кјелини можеби нема да биде подготвен утре да одигра 90 минути против Македонија, додека Бонучи е надвор од терените поради повреда на потколеницата и би можел да се опорави само за потенцијалното финале.
– Тие играат заедно долги години, добро се познаваат и ќе биде голема предност за нас да се соочиме со Италија без нив. Но, тука е Алесандро Бастони кој има голема кариера пред него – рече Пандев за весникот „Ла Гаѕета дело Спорт“.
Напаѓачот на Парма ја заврши репрезентативната кариера Елмас е суспендиран поради жолти картони, додека Илија Несторовски не е во составот на Благоја Милевски поради недостиг на минутажа со Удинезе.
– Жал ми е за Несторовски, знам колку го сакаше тоа. Илија ѝ даде толку многу на Македонија, можеше да биде во тимот. Потребна е поголема почит. Што би се променило доколку имавме еден или двајца дополнителни играчи? Тој има искуство и добро ги познава италијанските дефанзивци – вели Пандев.
Италија или Македонија ќе се соочат со победникот од Португалија-Турција на 29 март. Според Пандев, Турција е одлична репрезентација, но прогнозира дека Португалија ќе се квалификува во финалето.
ФОТО: „Гаѕета“ го предвидува стартниот состав на Италија против Македонија