Иран: Нуклеарниот договор „поблиску од кога било досега“

1 min read

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан изјави денеска дека Исламската Република и светските сили се поблиску од кога било до обновување на нуклеарниот договор од 2015 година.

-Доколку САД се прагматични, ние сме подготвени министрите за надворешни работи на земјите од заедничката комисија за нуклеарниот договор да се соберат во Виена и да го финализираат договорот, истакна Амирабдолахиан на прес-конференција со сирискиот колега Фајсал Мекдад.

-Веруваме дека денес сме поблиску до договор во Виена од кога било досега, нагласи шефот на иранската дипломатија.

По 11 месеци преговори, и Иран и САД сега тврдат дека топката е во полето на противникот.

Стејт департментот вчера соопшти дека договорот не е блиску и е неизвесен. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Расчистени неколку кражби во аптеки и продавници во Скопје

Следно

Русите го нападнаа Шварценегер на државната телевизија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian