Гордон Ремзи: Пандемијата ги исчисти улиците од лошите ресторани, а гостите станаа многу помудри

3 mins read

Познатиот британски готвач Гордон Ремзи во неодамнешното интервју за „Radio Times“ зборуваше за пандемијата на коронавирусот и за последиците со кои се соочи угостителството во последните две години.

Иако изминатите две години беа „погубни“ за сите кои работат во угостителството, се покажа дека тоа во исто време беше добра можност да се „исчистат сите лоши ресторани“, пренесува „The Guardian“.

Покрај независните компании, стотици синџири ресторани засекогаш ги затворија своите подружници. Здружението за угостителство во Велика Британија соопшти дека речиси 700.000 работни места се загрозени во екот на пандемијата во земјата, односно, комбинација на губење на работа и неисполнети работни места поради отсуство на туристи.

Промовирајќи го своето ново шоу на „BBC One“, „Future Food Stars“ во кое 12 претприемачи кои се занимаваат со храна и пијалаци се натпреваруваат за да влезат во бизнис релација со Ремзи, тој рече дека пандемијата ги научила сите во индустријата да ги подигнат услугите во нивните ресторани на едно ново ниво.

„Во последните две години беше поразително, но работите се подобруваат. Мислам дека на сите им е јасно дека сега сите тие „дупки од ресторани“ едноставно исчезнаа и тоа е многу добро“, рече Ремзи, додавајќи дека мислел на сите оние лоши ресторани кои се наоѓале на одлични локации.

Тој не прецизираше на кои угостителски објекти мисли, но посочи дека верува оти сега значително ќе се подобри квалитетот на храната во рестораните.

„И гостите станаа многу помудри во последните две години. Сега тие знаат многу повеќе за храната од кога било досега… на пример, знаат како сами да направат кисело тесто, така што сите во ресторанската индустрија се принудени да ги подигнат своите услуги на повисоко ниво… Пандемијата ја избриша ароганцијата од индустријата“, истакна тој.

Ремзи зборуваше и за она дека за време на карантините, тој со членовите на семејството замина во семејната куќа во Корнвол.

„Стигнавме таму во вистинско време и беше неверојатно добро. Такви времиња нема да се повторат“, рече тој, додавајќи дека поминал драгоцени моменти со своето семејство. „Кога децата почнаа да заминуваат, во еден момент не сакав да заврши периодот на карантини, како татко, а не како готвач“, рече тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кличко: Русија врши геноцид во Украина, кошмар е тоа што се случува

Следно

ВИДЕО: Трајковски ни донесе бод во Торино, Италија едвај триумфираше во Скопје

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian