ФОТО | Се ожени Асанж: Невестата пристигна во раскошна венчаница во затворот

3 mins read

Џулијан Асанж (50), основачот на „Викиликс“, кој се соочува со екстрадиција во САД под обвинение за шпионажа, попладнево пред четворица гости и двајца сведоци се ожени со Стела Морис (38).

Џулијан Асанж денеска се ожени со својата свршеница – мајка на нивните деца кои во тајност ги доби во амбасадата на Еквадор – на церемонија во затворот „Белмарш“. Во затворот невестата пристигна со двете деца. Стела, исто така, беше придружувана и со таткото и братот на Асанж.

За фотографиите бил задолжен затворскиот чувар, а прославата се одржа во кругот на членовите на семејството и пријателите на парот – на церемонијата можат да присуствуваат само четворица гости и двајца сведоци, како и двајца чувари.

Прочуената британска дизајнерка, леди Вивиен Вествуд, ги дизајнираше венчаницата г-ѓа Морис и килтот на Асанж, роден во Австралија, чии родители имаат шкотски потекло.

Стела претходно изјави дека е среќна што ѝ е дозволено да се омажи за Асанж и покрај ограничувањата поставени на нивната венчавка, која мора да биде завршена до истекувањето на часовите за посетата.

– Очигледно сме многу возбудени, иако околностите се многу рестриктивни. Сите гости и сведоци мора да си заминат веднаш штом ќе заврши церемонијата, иако тоа ќе биде пред да заврши вообичаеното време за посета. Џулијан се радува за венчавката бидејќи таа конечно се случува по толку месеци откако првпат го поднесовме барањето – рекла Морис.

Неговите поддржувачи се собрале пред затворот на импровизиран свадбен дочек на кој младоженецот не може присуствува.

Но, по венчавката Стела излегла пред затворот во југоисточен Лондон и ја пресекла тортата.

Жената која му роди две деца на Асанж отворено проговори за нивната голгота (ФОТО+ВИДЕО)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шведска испраќа дополнителни 5.000 противтенковски оружја во Украина

Следно

Милевски: Ќе им кажам на моите играчи да излезат на теренот и да уживаат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian