ФОТО | Кејт Мидлтон воодушеви со модните комбинации: Изгледа подобро од кога било

2 mins read

Британската војвотка Кејт Мидлтон отсекогаш внимателно избира облека за јавните ангажмани, во договор со нејзиниот долгогодишен стилист. За турнејата на Карибите, одлуката била едногласна – живи и светли бои кои го карактеризираат овој дел од светот.

ФОТО+ВИДЕО | Ретка глетка: Принцот Вилијам и Кејт танцуваат со локалците во Белизе

Преубавата сопруга на принцот Вилијам овојпат повторно се појави во фантастични стајлинзи за кои целиот свет зборува. Војвотката од Кембриџ им оддаде почит на домаќините на турнејата по Карибите, носејќи многу светли бои.

Сите креации што ги видовме изминатите беа како направени за Кејт Мидлтон, а потоа таа не почести со уште три феноменални стајлинзи на Јамајка.

На пат од Белизе, Кејт Мидлтон на аеродромот се појави во винтиџ дизајнерско парче кое повторно го доживува својот моден бум. Станува збор за црвена кошула-јакна на Сен Лоран, која Кејт ја купила додека студирала. И денес ѝ стои совршено, а го искомбинирала со елегантни бели панталони и минимална чанта.

Во авионот на кралското семејство, таа и нејзиниот тим подговиле нов стајлинг. Откако пристигна во Јамајка, од авион се симна во впечатлив жолт фустан, бојата која ја симболизира оваа земја.

Сите погледи ги украде фустанот на дизајнерскиот бренд Роксанда, со асиметрична машна на едното рамо. За да го задржи жолтото во фокусот, Кејт избрала бели чевли и бела чанта-плико.

За поопуштено дружење со жителите на главниот град Кингстон, 40-годишната војвотка се појави во полежерно издание. Таа носеше шарен фустан на хоризонтални риги од лондонскиот бребд „Willow Hilson Vintage“ во комбинација со беж сандали од јамајканскиот дизајнер Лашондл Бејли-Милер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пленковиќ: Во Хрватска пристигнаа над 9 илјади Украинци

Следно

ФОТО: „Гаѕета“ го предвидува стартниот состав на Италија против Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian