ФОТО: „Гаѕета“ го предвидува стартниот состав на Италија против Македонија

1 min read

Сите со нетрпение го очекуваме утрешниот натпревар во Палермо (20.45 часот) на македонската А репрезентација против Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Двајцата селектори Роберто Манчини и Благоја Милевски ги кројат последните тактички замисли за дуелот во кој Италијанците ја имаат фаворитската улога, но нашите најдобри фудбалери ќе го дадат максимумот и се обидат да направат изненадување.

Гаѕета дело Спорт“ предвидува со кои 11 играчи ќе стартува италијанската селекција со формација 4-3-3.

На голманската позиција е Донарума, во одбранбениот дел Емерсон, Бастони, Манчини и Флоренци.

Во средниот ред Верати, Жоржињо и Барела, а во делот на нападот Инсиње, Имобиле и Берарди.

Се очекува Италијанците во Палермо да бидат во формација 4-3-3/Фото: Принтскрин/video.gazzetta.it

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Кејт Мидлтон воодушеви со модните комбинации: Изгледа подобро од кога било

Следно

Арсовски: Нема информација за пополнување нови амбасадорски места

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian