Емина Јаховиќ откри на што се должи нејзината витка фигура: Гладувам 48 часа

1 min read

Српската пејачка Емина Јаховиќ долги години е препознатлива по својата витка линија. Пејачката сега откри на што се должи нејзината нејзината витка фигура.

Како што пренесуваат српските медиуми Емина призна дека не јаде 48 часа и дека оваа метода ја користи еднаш месечно.

„Гладувам еднаш месечно. Тоа го правам веќе некое време. Не јадам точно 48 часа“, рекла таа.

Ваквите диети, кои се засноваат на правилото да не се внесува храна во организмот цели два дена, не се новост за љубителите на диетите и здравата исхрана. Истите, служат за прочистување на телото од токсини.

Исто така, покрај исхраната, Емина тренира секојдневно, а многу често на социјалните мрежи споделува фотографии од теретана, но и снимки од интензивни тренинзи кои воопшто не се лесни.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Дрон на КФОР падна во двор во Митровица

Следно

ВИДЕО | Ристовски: Не постои посебен мотив од натпревар против европскиот шампион

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian