Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска изјави дека нема информација за пополнување на нови амбасадорски места, откако порталот мкд.мк објави дека актуелниот генерален конзул во Минхен Реџеп Демири и Андреј Жерновски се можни идни амбасадори во Швајцарија и Србија.
Според него, кога би се добиле агремани од земјите-домаќин, јавноста веднаш ќе биде информирана.
Претходно месецов, МНР ги соопшти промените во амбасадорските места.
Османи: Руси, Буџаку и Фрчкоски амбасадори во Бугарија, Канада и во ОН