Западен Балкан доби свое место во Стратешкиот компас на Европската Унија

1 min read

Западниот Балкан доби свое место во Стратешкиот компас како идна воена стратегија на Европската Унија.

Во Документот се посочува дека „безбедноста и стабилноста низ Западен Балкан се се уште нецелосни поради растечкото странско мешање, кампањи за манипулација со информации, како и потенцијално прелевање од сегашната влошена европска безбедносна ситуација”.

„Видливиот напредок во владеењето на правото и реформите засновани врз европските вредности, правила и стандарди треба да продолжат, а европската перспектива е стратешки избор, суштински за сите партнери кои бараат членство во ЕУ”, се вели во Стратешкиот компас за Западен Балкан.

Со Стратешкиот компас земјите-членки на ЕУ усогласуваат заедничка стратешка визија за улогата на Унијата во безбедноста и одбраната и се обврзуваат на серија конкретни и широки насоки за постигнување на тие цели во следните пет до десет години. Како што е официјално објаснето, имајќи ја предвид таа цел „ЕУ прво треба да го процени своето специфично стратешко опкружување и приоритети”.

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ на вчера одржаната средба дадоа зелено светло за Стратешкиот компас, а Документот треба да добие формална потврда на лидерскиот состанок на Унијата закажан за оваа седмица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Британскиот конзорциум понуди над три милијарди фунти за Челзи

Следно

Дневен хороскоп за 22 март: Ќе се чувствувате добро

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian