Задолжителната вакцинација во Германија неприменлива поради недостиг на хартија

1 min read

Задолжителната вакцинација против коронавирусот која Германија планира да ја воведе, е неприменлива поради недостиг на хартија.

Нацрт законот за задолжителната вакцинација е завршен, а тој предвидува задолжително советување за возрасни и покрај тоа предвидува и задолжителна вакцинација за лица над 50 години.

Покрај тоа населението ќе биде информирано преку пошта за вакцинацијата и новите обврски.

Тоа ќе биде проблем, укажува Здружението за здравствено осигурување. На веб-страницата на Бундестагот, ГКВ објави став според кој општа вакцинација не е применлива. Како главна причина ГКВ ја наведува инфраструктурата која не може толку брзо да се реализира, пишува Танјуг.

Така, постои закана од хаос околу ослободувањето од вакцинација, а тоа би довело до преоптоварување на надлежните институции. Друга причина би била откажувањето на задолжителната вакцинација, а тоа е до 15 мај да се испратат писма до сите граѓани.

Тоа би значело дека компаниите за здравствено осигурување треба да печатат до 1,8 милиони писма неделно. Од ГКВ посочуваат дека тоа не може да се реализира ниту со внатрешно, ниту со екстерно печатење, бидејќи за ваква работа мора да се следи европската тендерска процедура.

Дополнително, ГКВ посочува дека во Европа има сериозен недостиг на хартија, а со тоа и недостига материјал за околу 120 милиони писма.

kurir.mk

Претходно

Приведена скопјанка за издржување затворска казна

Следно

Покрената петиција за екстрадиција на наводната љубовница на Путин од Швајцарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian