За малку пари – совршено јадење: Тестенини со сланина и сос од домати

1 min read

Ако ви е потребно да подготвите јадење што не бара многу време, а во исто време и не чини многу пари, тогаш сте на вистинското место.

Една од состојките во овие тестенини е варениот домат. Не заборавајте дека основната состојка – доматот е значајна поради тоа што го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести, исто така го забрзува заздравувањето на раните, а ја штити и кожата од штетните сончеви зраци.

Покрај тоа, тој е одличен и за губењето килограми. Во себе содржи ликопен, кој ги намалува мастите во организмот. Тој исто така е одговорен и за чувството на ситост.

Состојки:

– 200 грама ситно сечкана сланина
– 200 грама тестенини
– 100 грама пармезан
– масло
– сол
– босилек
– 100 мл сос од домати
– 4 чешниња лук

Подготовка:

Прво потребно е во солена вода да ги сварите тестенините, но немојте да ги преварите, да не бидат меки.

Потоа исцедете ги, но не ја фрлајте водата во која сте ги вареле, ќе ви биде потребна за подоцна.

Потребно е на малку масло да ја пропржите сланината, да го додадете исечканиот лук, а потоа тестенините и босилекот. Помешајте сè!

Сипете ја сега водата во која се вареле тестенините и уште малку нека крчка сѐ заедно. Кога водата ќе испари, додадете го сосот од домати, а потоа почекајте сето тоа убаво да се соедини, па изрендајте пармезан.

Пријатно јадење!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Исчезна воен фоторепортер во Киев (ФОТО)

Следно

Верати предупредува: Мора да внимаваме на Македонија и нејзините контри

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian