Верати предупредува: Мора да внимаваме на Македонија и нејзините контри

2 mins read

Иако италијанската јавност и навивачи очекуваат лесна победа на „азурите“ над Македонија во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Катар, членот на ПСЖ, Марко

Верати предупредува дека неговите колеги од репрезентацијата мора сериозно да му пристапат на натпреварот.

– Пред нас се два важни натпревари, но убедени сме дека можеме да одговориме на предизвикот. Играме за Италија и навикнати сме на притисокот што се создава, верувам дека нема да разочараме. Имаме два дуели од кои првиот е потежок, немаме право на грешка и мора да одиграме максимално. Полни сме со ентузијазам на тренинзите и со нетрпение го чекаме натпреварот против Македонија. За Македонија ова е натпревар на кариерите, на животот. Македонија е селекција која што добро се брани и знае да казни преку контра напади. Треба да бидеме внимателни за да им ја отежнеме работата. Ќе направиме сѐ за на крај да се радуваме– изјави Верати.

Фудбалерот на ПСЖ смета дека евентуален неуспех во баражите и неиграњето на СП би претставувал катастрофа за „азурите“ иако минатото лето станаа европски шампиони.

– Тешките моменти секогаш остануват длабоко во тебе, но уметноста е во тоа што треба да извлечеш поука од поразите, да се погрижиш никогаш повеќе да не ги поправиш грешките. Нема да дозволиме реприза од пред четири години, во споредба со тој дуел со Шведска сега во репрезентацијата владее фантастична атмосфера, сакаме на сите да им покажеме дека заслужено сме европски шампиони и да се пласираме на мундијалот – додава Верати.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За малку пари – совршено јадење: Тестенини со сланина и сос од домати

Следно

Спасовски: Нема наплив на бегалци од Украина, но подготвени сме ако дојде до тоа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian