Вардар ги отвори вратите за навивачите, за дербито со Е. Пелистер влезот е бесплатен

1 min read

Управата на РК Вардар одлучи големото дерби во македонскиот ракомет против Еурофарм Пелистер да претставува вистински ракометен спектакл и поради тоа одлучи влезот за саботниот натпревар да биде слободен за навивачите.

Победата е императив и за двете екипи, а за спектаклот да биде комплетен, најавено е дека во сабота во СЦ „Јане Сандански“ покрај „Комитите“,ќе присуствуваат и навивачите на Е. Пелистер, „Чкембари“.

– За дербито во сабота меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер влезот е СЛОБОДЕН… Сите што имаат сезонски билети и што ќе купат билети за натпреварот со Веспрем ќе ги задржат сопствените места за седење во салата. Ве чекаме во сала… – објави РК Вардар.

 

Натпреварот ќе го суди најдобрата ракометна двојка во Македонија и во светот воопшто, Ѓорги Начевски и Славе Николов.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полски ветеринар спасил повеќе од 260 домашни миленици од Украина

Следно

„Слободен печат“: Наместо полот, брзо се промени ставот на Владата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian