Јуве потврди дека Дибала си заминува на крајот од сезоната

1 min read

Извршниот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене потврди дека Пауло Дибала по завршување на сезоната ќе ја напушти „старата дама“.

Дибала ќе си замине како слободен играч на крајот од сезоната бидејќи двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик за потпишување на нов договор. Главна ѕвезда и лидер на новиот тим на Јувентус во иднина ќе биде Душан Влаховиќ.

– Имавме пријателски состанок на кој бевме искрени.  Со доаѓањето на Влаховиќ, Пауло повеќе не е „главен“ во нашиот проект и поради тоа донесовме ваква одлука за разделба. Со ангажирањето на Влаховиќ се сменија работите и тоа се однесува на договорот со Пауло кој нема да биде продолжен – изјави Аривабене.

Преговорите помеѓу Дибала и управата на Јувентус започнаа уште минатата година кога начелно се договорија за нов петгодишен договор. Според тој договор, Дибала требаше да има плата од 8.5  милиони евра плата плус бонуси со кои сумата што Аргентинецот на годишно ниво требаше да ја добива изнесуваше околу 11 милиони евра.

Но, набрзо челниците на „старата дама“ ја намалија понудата за еден милион евра годишно и тој потег не му се допадна на аргентинскиот фудбалер кој ги прекина преговорите.

Пауло Дибала во Јувентус пристигна во 2015 година од Палермо и во дресот на „старата дама“ одигра 202 натпревари на кои даде 80 гола и освои пет титули во Серија А.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денес се слави Младенци, празник на љубовта, младоста и бракот: Ова се обичаите

Следно

Ковачевски: Во 2021 реализиравме 79 отсто од капиталните инвестиции, продолжуваме со исто темпо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian