Угасен пожарот во близина на нуклеарната централа во Чернобил

1 min read

Украинскиот министер за природни ресурси изјави дека денес се изгасени пожари во областа на нуклеарната електрана во Чернобил, која била под контрола на руските сили.

Преходно, украинските власти ги обвинија руските сили дека намерно го подметнале пожарот или го предизвикале со артилериско гранатирање, пренесува агенцијата АП.

Украинскиот министер Руслан Стрелец изјави дека нивоата на радијација во таа област се во рамките на нормите. Пожарите ја зголемија загриженоста за можното ослободување на радијација од електраната, каде што експлозијата и пожарот во 1986 година доведоа до радиоактивни емисии низ Европа.

kurir.mk

Претходно

ЈП „Лајка“ во акција за спречување на порастот на бездомните кучиња

Следно

Продолжува судската драма меѓу Џони Деп и Амбер Херд: Многу познати имиња на списокот на сведоци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian