„Слободен печат“: Наместо полот, брзо се промени ставот на Владата

3 mins read

Во најновиот број на „Слободен печат“ читајте:

Свет

Украина – Не запира руската воена инвазија врз Украина – Зеленски: Ја браниме портата на Европа од варварски налет

– За руските трупи, Украина е портата на Европа низ која сакаат да се пробијат, но не смееме да дозволиме да помине варваризмот, порача Зеленски во обраќање до италијанските пратеници

Хроника

Какви гаранции за Софија – Уставот до јуни не може да се промени, но може да се „отвори“

Повлечени измените во Законот за матична евиденција – Наместо полот, брзо се промени ставот на Владата
– Со ова државата потфрли во изградбата на едно општество за сите и во исполнувањето на обврската кон Европскиот суд за човекови права, кој бара државата да овозможи лесна постапка за правно признавање на родот врз основа на себеопределување, изјави Лила Милиќ од Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица.

Економија

Работите се сменија – За текстилните компании има работа преку глава

– Прашањето е колку нашите партнери се подготвени да платат повисоки цени за нашите услуги, затоа што трошоците се драстично зголемени. Не е работа само да работите ако создавате загуба, вели Ангел Димитров, менаџер на фабриката „Мода“

Скопје

Еден месец траат обидите на граѓаните за измени во предложениот ДУП – Жителите на Влае се против згради на државно земјиште

– Граѓаните од населбата, организирани од иницијативата „Борба за Влае“, имаат многу забелешки за планот и сметаат дека неговото евентуално донесување во оваа форма во која е предложен, сериозно ќе го дехуманизира животот во Влае.

Топлото време ги засили работите – Фонтаните во Аеродром наскоро ќе бидат пуштени

– Наскоро вода ќе бликне во фонтаната „Тоше Проески“ во Ново Лисиче, како и во парковите „Јане Сандански“, Паркот на езерата, Паркот на светлината, паркот „Бановина“, паркот „Авион“, паркот „Бојмија“, како и од други фонтани низ целата територија.

Спорт

Во пресрет на баражот за пласман на СП 2022 во фудбал – Трајковски: Ако дадам гол, сакам да е за победа

– Напаѓачот на македонската репрезентација пред утрешниот меч со Италија во Палермо се потсетува на израмнувачкиот голот што го постигна против „аѕурите“ во Торино во рамки на квалификациите за СП 2018. Тој се надева дека утре повторно ќе даде гол, во нему добро познатиот Палермо

Италија – Селекторот не ги крие високите амбиции – Манчини: Сакаме да го освоиме Мундијалот

– Предводникот на „аѕурите“ истакнува дека баражот против Македонија, а потоа евентуално против победникот од дуелот Португалија – Турција нема да биде лесен. Но тој е убеден во успех, а крајната цел му е титулата на претстојното СП

Забава

Петиција за протерување на љубовницата на Путин од Швајцарија – „Време е Ева Браун да се врати кај својот фирер“

Мозаик

Хумантроп: Настан со музички, уметнички и хуманитарен дух – Да правиме музика и уметност, а не војни

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вардар ги отвори вратите за навивачите, за дербито со Е. Пелистер влезот е бесплатен

Следно

Би Би Си: Русија го прикрива бројот на загинати во војната во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian