Русите масовно купуваат кондоми

2 mins read

Побарувачката за кондоми во Русија е драстично зголемена бидејќи луѓето стравуваат од зголемување  на цените и недостигот поради санкциите на Западот, пренесува британски „Metro“.

Најголемата онлајн продавница во таа земја, „Wildberries“, во споредба со минатата година, забележала скок во продажбата на кондоми за 170% во првите две недели од март. Зголемување од 26 отсто бележи и синџирот аптеки „36,6“, а пораст од 20 отсто забележаа супермаркетите.

Интересот по кондоми бил толку голем што Министерството за индустрија и трговија на Путин било принудено да издаде соопштение во кое негирало дека може да има проблем со набавката на кондоми.

Русија увезува 600 милиони кондоми годишно

Овој феномен се случува и покрај тоа што „Reckitt“, британскиот производител на „Durex“, најави дека ќе продолжи да работи во Русија.

Јесенија Самонина, сопственичка на секс-шоп во Русија, вели дека „луѓето прават залихи за иднина и покрај зголемените цени“

„Потрошувачките трошоци се зголемија до 50% во зависност од брендот“, додаде таа.

Инаку, Русија увезува 600 милиони кондоми годишно, а произведува 100 милиони. 95% од пазарот на кондоми во Русија е во сопственост на странски компании.

„Британската компанија „Reckitt“, која ги произведува брендовите „Durex“, „Contex“, „Hussar“ и други, држи повеќе од 60 отсто од пазарот“, вели бизнис експертот Павел Спицаков.

Британскиот „Reckitt“ има околу 1.300 вработени во Русија и заработува околу 400 милиони фунти годишно на тој пазар.

„Како што се развива ситуацијата, ние ќе продолжиме да преземаме активности и да реагираме, секогаш имајќи ја предвид грижата за нашите вработени“, се вели во соопштението на компанијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарското обвинителството не сака да го продолжи случајот „Борисов“

Следно

Македонија е во вториот шешир на патот кон ракометното ЕП 2024

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian