Холивудскиот актер Џони Деп пред три години поднесе тужба против неговата поранешна сопруга Амбер Херд поради колумна која таа ја напиша за „Вашингтон пост“ на крајот на 2018 година.
Актерот тогаш бараше отштета од 50 милиони долари, бидејќи Амбер во тој текст тврдеше дека била жртва на семејно насилство.

Имено, сведоците ќе бидат сослушани на 24 март, додека првата тужба е закажана за 11 април, пренесуваат странските медиуми.
Откриена е листата на сведоци, меѓу кои актерот Џејмс Франко, Пол Бетани, Илон Маск, претставници на Волт Дизни и Ворнер Брос, како и полицајци од Лос Анџелес, пријатели, членови на семејството и други луѓе поврзани со поранешните сопружници.

Џејмс Франко и Илон Маск ќе сведочат бидејќи Деп ги обвини дека спиеле со Амбер Херд додека била во брак со него, па таа решила да ги повика како сведоци, кои ќе зборуваат во нејзина корист.
Можна нова разврска: Дали полициските снимки се доказ дека бившата жена на Џони Деп лажела?