Покрената петиција за екстрадиција на наводната љубовница на Путин од Швајцарија

2 mins read

Противниците на Владимир Путин и руската инвазија покренаа петиција со која бараат Швајцарија да ја протера Алина Кабаева, наводната љубовница на претседателот на Русија, пренесува „Дејли Мејл“.

Алина наводно се крие со своите деца во луксузна вила во Швајцарија. Гневните Украинци, Белоруси и Руси испратија порака до швајцарските власти барајќи Алина да биде протерана од нивната земја.

Во јавноста испливаа досега невидени фотографии од ќерките на Путин (ФОТО)

„Зошто криете помошници на режимот на Путин?“ е името на петицијата

„Ние, граѓаните на Русија, Белорусија и Украина, кои во моментов неизмерно страдаат, се обединуваме во обраќањето до швајцарските власти. Јавноста дозна дека Алина Кабаева побегнала од санкциите во вашата земја. Таа е љубовница на диктаторот и воен злосторник кој ја нападна Украина“, стои во петицијата која, според „Дејли Мејл“, досега ја потпишале повеќе од 55.000 луѓе.

„Алина не е само жена чие име е извалкано од поврзување со рускиот диктатор, таа е и една од иницијаторите на рускиот закон, кој спречи илјадници руски сирачиња да бидат посвоени во странство. Сега дозволувате таа и нејзините деца да се сокријат во вашата земја“, се вели во петицијата.

Имено, ќе се погрижат да се дознае сè доколку Швајцарија ѝ дозволи на Алина да добие државјанство и покрај сè што се случува.

„Време е Ева Браун да се врати кај својот лидер“, заклучуваат тие.

За потсетување, нема проверени докази дека Алина е во Швајцарија. Изворот кој ја започна оваа приказна претходно овој месец остана анонимен.

Инаку, Алина медиумите почнаа да ја поврзуваат со Путин уште во 2008 година. Таа може да биде и сопруга и девојка и поранешна сопруга на рускиот претседател. Никој нема поим за тоа. Откако беше поврзана со Путин, Алина беше наречена „првата љубовница на Русија“.

Љубовницата на Путин и нивните деца се кријат во Швајцарија?

 

Алина Кабаева – тајната прва дама на Русија: Љубовницата на Путин првпат се појави во јавноста по две и пол години

 

Љубовницата на Путин исчезна од очите на јавноста откако наводно му роди близнаци

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Задолжителната вакцинација во Германија неприменлива поради недостиг на хартија

Следно

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество: Буџетот за превенција од ХИВ намален за 40 отсто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian