Петар Колев: Македонските Бугари да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија, тоа ќе ја врати довербата

1 min read

Бугарите во Македонија да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија, повика претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев, преку објава на својот facebook профил.

„Гарантирање во Уставот на рамноправност на македонските Бугари, но и нејзино спроведување во реалноста е клучот кон решавање на отворените прашања. Убеден сум дека таков чекор ќе ја врати довербата, ќе даде нов импулс на односите. Тоа ќе ја отвори и можноста за вклучување на Бугарите во македонскиот државен систем, нивно претставништво во институциите на системот, зошто да не и нивно вклучување во преговарачкиот процес од македонска страна. Кој подобро би можел од македонските Бугари да ја убеди Софија дека нашата држава заслужува почеток на преговори?“, пишува Колев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Десет знаци дека на вашето тело му пречи глутенот

Следно

Приведен измамник баран со потерница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian