Омикрон затвори кинески град со 9 милиони жители

1 min read

Кина прекуноќ затвори индустриски град со девет милиони жители, информирајќи денеска за над 4.000 случаи позитивни на коронавирус. Кинеската стратегија „нулта-Ковид“ се соочува со бран на варијантата омикрон, јавија локални медиуми.

Со нови 4.770 инфекции ширум земјата, синоќа се донесе одлука, градот Шенјанг да биде под „локдаун“.

Во Шенјанг, индустриски град на фабрики како производителот на автомобили – BMW, регистрирани се 47 нови случаи на вирусот. Сега на жителите им е забрането да излегуваат без 48-часовен негативен резултат на Ковид тест.

Покрај „локдаун“, Кина во борбата со вирусот користи и масовно тестирање и затворања на посебни области во градови. Во саботата, беше соопштено дека во земјата се евидентирани два смртни случаја со Ковид-19, за првпат по повеќе од година дена.

Градови како Шангај избегнаа целосно затворање, со „локдаун“ на посебни згради.

kurir.mk

Претходно

Приведен измамник баран со потерница

Следно

Денес се слави Младенци, празник на љубовта, младоста и бракот: Ова се обичаите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian