Обид за ракетен напад на Џеда, се одложува трката во Формула 1?

1 min read

Саудискиот град Џеда изминатиот период бил цел на ракетен напад кој ги загрижи челниците на Формула 1 бидејќи наредниот викенд треба да се вози втората трка во сезоната токму во овој град.

Ројтерс јавува дека колацијата предводена од Саудиска Арабија и која војува во Јемен, во неделата пресретната и уништила „непријателска мета“ која била насочена кон Џеда.

Хутите кои војуваат против коалицијата на Саудиска Арабија, во неделата ја нападнале дистрибутивната електрана Арамко во Џеда испалувајќи ракети од беспилотни летала. Освен елетраната, цел на нападот биле и објектите за енергетска и водена десалинизација во близина на Џеда.

Бидејќи во Џеда треба да се вози втората трка сезоната, на 27 март, челниците на Формула 1 внимателно ја следат ситуацијата и размислуваат за можно одложување на трката.

Трката за Големата награда на Саудиска Арабија за прв пат се одржа минатата година и покрај критиките од меѓународните здруженија за човекови права во земјата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

В недела почнува летното сметање на времето: Бројот на срцеви удари расте седум дена по поместувањето на часовникот

Следно

Ќе се покачат платите на сите вработени во МВР, најави Спасовски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian