Македонија е во вториот шешир на патот кон ракометното ЕП 2024

1 min read

Црвено-жолтите се во вториот шешир на ждрепката за одредување на квалификациските групи за пласман на Европското првенство во Германија, објави ЕХФ. Ждрепката е закажана за 30 март

Македонија ќе биде во вториот шешир на ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство 2024. Во ждрепката ќе учествуваат 32 тима од кои преку квалификации ќе се одредат преостанатите 20 учесника на ова Европско првенство.

Во објавата на страницата на Европската ракометна федерација (ЕХФ) се вели и дека решение е донесено да се елиминираат Русија и Белорусија од ждрепката, поради наметнатите санкции кон нив. На нивно место доаѓаат Грузија и Луксембург. Ждрепката ќе биде извршена на 30 март, во 18 часот.

Шешир 1: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија.

Шешир 2: Македонија, Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија, Украина.

Шешир 3: Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција.

Шешир 4: Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург.

Овие 32 тима ќе бидат извлечени во осум квалификациски групи од по четири тима. Сите првопласирани и второпласирани тимови во осумте групи на крајот од квалификациите ќе изборат учество на ЕП 2024, заедно со четирите најдобри третопласирани тимови.

Квалификациите ќе започнат на 12 октомври годинава, ќе се играат шест кола, а ќе завршат на 30 април 2023 година. Тогаш ќе се знаат сите 20 тима што се квалификувале за ЕП. На ова ЕП учество веќе обезбедија домаќинот Германија, актуелниот шампион Шведска и другите два медалисти од ЕП 2022, Шпанија и Данска. ЕП ќе се игра од 10 до 28 јануари 2024 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русите масовно купуваат кондоми

Следно

Од младите 58 проценти би се иселиле, 64,8 незадоволни од местото во државата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian