Град Скопје и UNWOMEN организираат „Вечери на женски права 2022“

1 min read

Град Скопје и UNWOMEN – Тело на Обединетите Нации за родова рамноправност и зајакнување на жената и годинава го организираат 13 – то издание на настанот „Вечери на женски права 2022“.

Град Скопје е покровител и водечка институција при организирањето на овој настан.

„Вечерите на женски права“ се исполнети со прикажување на документарни филмови кои се проследени со дебати, изложби, промоции на книги и предавања, како и со вклучување на средните училишта во Скопје, со цел родово сензибилизирање на средношколците и професорите и подигнување на свеста и разбирањето на важноста за концептот на родова еднаквост.

За таа цел, во текот на следните денови до четврток од 12 часот, во Кинотека на Македонија, организирани се филмски проекции со ученици од градските средни училишта.

Вчера на програмата беше Чешкиот документарен филм “Caught in the Network”–„Фатени во мрежата“ во режија на Вит Клусак и корежија со Барбора Чалупова. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Рендевски: Високиот процент на антитела кај граѓаните не значи дека е постигнат колективен имунитет

Следно

Австрија: Во услови на војна во Украина, да не ги заборавиме земјите од Западен Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian