ФОТО | Сопругата на украински политичар бега преку граница со 30 милиони долари во готовина

3 mins read

Сопругата на истакнатиот украински тајкун и политичар наводно „се обидела да прошверцува 28 милиони долари и 1,3 милиони евра (околу 30 милиони долари вкупно) преку граница“.

Како што пренесува „Дејли мејл“, парите ги забележала унгарската царина во багажот на сопругата на контроверзниот поранешен пратеник Игор Котвицки, па поради тоа против Анастасија Котвицка е покрената кривична постапка.

Котвицки, некогаш најбогатиот пратеник во Украина, рекол дека неговата сопруга ја напуштила земјата за да може да роди, но негирал дека притоа пренесувала 28 милиони долари и 1,3 милиони евра.

– Сите мои пари се во украинските банки, ништо не сум подигнал – рекол Котвицки пред да ги затвори своите профили на социјалните мрежи.

Неговата ќерка Виолета, која се школувала во Швајцарија, рекла дека приказната е „лажна и дека тоа се обични гласини“. Котвицка, која наводно патувала со двајца Унгарци и со својата мајка, не го коментирала инцидентот што се случил на границата.

„Анастасија замина пред една недела за да се договори за породувањето, каде да се породи и со кого. Таа требаше да се породи во Буча, но таму сѐ е бомбардирана. Сите мои пари се во украинските банки, ништо не извадив“, рекол тој, наведувајќи дека во моментот е во Закарпатија и помага во хуманитарна помош за неговиот роден град Харков.

Се наведува дека Анастасија не ја пријавила огромната сума во готовина што ја понела со себе при напуштањето на Украина на контролниот пункт Вилок и дека парите ги пронашле унгарските цариници, пишува „Обозревател“, а пренесува „Дејли мејл“.

Во Украина тие се особено чувствителни на фактот дека богатата елита сака да го пресели своето богатство во странство и не сака нивниот капитал да ја напушти земјата додека нејзинаата судбина е неизвесна. Според кривичниот законик на земјата, предвидена е затворска казна е од три до шест години.

Ковитцки, наводно, преку своите соработници ги контролира нуклеарните енергетски системи на Украина и наоѓалиштата на ураниум, а има блиски деловни и политички врски со поранешниот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.

Киевскиот бизнисмен Сејар Кушутов, кој го откри случајот Котвицка, рекол дека цариниците знаат да примаат мито, што овозможува да се изнесува готовина од земјата. Ниту во другите западни региони состојбата не е подобра.

„Во тесните кругови се добро познати имињата на цариниците кои го прават тоа“, пишува „Дејли мејл“.

Котвицки беше пратеник во украинскиот парламент од 2014 до 2019 година, а е еден од блиските соработници на Арсен Аваков, министер за внатрешни работи од 2014 до 2021 година.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ердоган: ЕУ да отвори пристапни преговори со Турција

Следно

Бошко Ѓуровски си најде нов клуб во Африка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian