ФОТО | „Од цвеќиња до шлаканица“: Љубовната приказна на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

3 mins read

На Божиќ пејачката Јелена Карлеуша го обвини сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство. Тој наводно ѝ удрил шлаканица пред роднините во нивната вила на Дедиње. Поп дивата одбила лекарска помош, а пред вилата била видена полиција. Настанот се следеше будно, а сега состојбата на нивната врска не е јасна.

Семејно насилство наместо семејна прослава: Јелена Карлеуша го пријавила сопругот Душко Тошиќ на Божиќ

Иако сега нивната љубов ја нема сладоста што ја имала некогаш, прочитајте како се заљубиле еден во друг.

За љубовта на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, тогаш млад српски репрезентативец и фудбалер на францускиот клуб Сошо, јавноста дозна во август 2006 година, кога беше објавено дека се среќно вљубени.

Само еден месец откако ја прекина осуммесечната врска со белградскиот бизнисмен Владан Мариќ, Јелена Карлеуша не оддолеа на шармот на Душко Тошиќ. Медиумите пишуваа тогаш и дека фудбалерот „со денови ја освојувал Јелена и ја канел да прифати да оди на вечера, ѝ испраќал пораки и цвеќиња на прагот од нејзината куќа“.

Од самиот почеток на врската, парот секој слободен момент го поминувал заедно, а Јелена често престојувал во Франција, каде што тогаш живееше Душко.

Тогаш Јелена беше видена како од ВИП ложата следи натпревар во друштво на претседателот на тогашниот клуб на Тошиќ, а се пишуваше дека Душко бил толку заљубен што еднаш долетал во Белград со приватен авион само за да се види со својата девојка и веднаш се вратил во Франција.

Самата Јелена подоцна призна дека Душко е тој што ја иницирал нивната приказна

„Обично јас бев таа што ги избираше мажите, но кога станува збор за Душко, тој ме избра мене и не се откажа. Јас сум на почеток дефанзивна и агресивна, ретко кој маж можеше да го надмине тој агресивен став, но тој имаше зацртано“, изјави Јелена во една прилика.

Душко не се предавал лесно и ѝ бил огромна поддршка

„Беше многу упорен. Прво „згрешив“ со него, а потоа проверив на „Гугл“ колку години има. Тогаш имаше 21 година и му реков: „Дечко, сега ќе мора да се омажиш за мене, бидејќи оваа брука мора да се оправда“.

„Шегата на страна, имав среќа покрај себе да имам добар и квалитетен маж кој не ми се мешаше и не ме попречи во ова мое лудило – потрагата по правда“, изјави Јелена.

Две години подоцна, двајцата се венчаа, а набрзо пристигнаа и нивните ќерки Атина и Ника.

Заедно поминаа низ многу предизвици, и покрај сè останаа заедно. Јелена, која не е обична личност по ниту едно прашање, еднаш призна дека се залагала многу бракот да опстане.

„Петнаесет години се борам за зачувување на бракот. Мислам дека секогаш жените повеќе се грижиме за оваа институција, за бракот и за семејството. Ние сме такви животни“, изјави неодамна пејачката.

ФОТО+ВИДЕО | Јелена Карлеуша ја наследи Мадона, ама во аутфитот

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пентагон: Украинците започнаа контранапад

Следно

Бисерот на Барселона е новата шпанска „десетка“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian