Евро 2028 ќе се игра во Обединетото Кралство и Република Ирска?

1 min read

Европското првенство во фудбал во 2028 година најверојатно ќе се игра во Обединетото Кралство и во Република Ирска бидејќи нивната заедничка кандидатура е единствена која досега пристигна во УЕФА, а рокот за поднесување кандидатури истекува утре.

Доколку не се пријави уште некоја земја, а засега нема најави за такво нешто, Извршниот комитет на УЕФА на 7. април би можел да донесе конечна одлука Англија, Шкотска, Велс, Северска Ирска и Република Ирска да бидат организатори на Европското првенство што треба да се игра 2028 година.

Изминатите месеци се шпекулираше дека во трката за организација на ЕП би можеле да се вклучат и Русија и Италија, но од тоа нема да има ништо.

УЕФА веќе ја поддржа кандидатурата на Обединетото Кралство и на Република Ирска, додека Италија одлучи да се кандидира за Евро 2032, а Русија поради војната во Украина испадна од сите комбинации.

Евро 2028 би можело да биде првото фудбалско континентално натпреварување на кои ќе се настапат 32 репрезентации наместо досегашните 24, а одлуката ќе биде донесена до крајот на годината.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„На лагата ѝ се кратки нозете“: Кога почнуваат децата да лажат и како влијае тоа на нивниот развој?

Следно

Песков: Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian