Ќе се покачат платите на сите вработени во МВР, најави Спасовски

1 min read

„Оваа година имаме предвидено покачување за пет отсто на платите на сите вработени во МВР. Тоа ќе биде од септември, а за вработените кои се вработени по Законот за работни односи и имаат потреба од усогласување со минималната плата, тоа е веќе направено“ рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во вестите на Канал 5.

Тој рече дека доколку еден полицаец во 2012 година земал плата од 19.355 денари, денес зема 22.787 денари, а со покачувањето во септември, платата ќе му изнесува 23.883 денари.

Спасовски исто така наведе и дека платата на инспекторите во 2012 изнесувала 22.503 денари, денес таа е 26.711 денари, а од септември ќе се покачи на 28.003 денари.

„Ова е растот на платите. Ние разговараме и водиме преговори и се усогласуваме со сите синдикати. Секој добар предлог, кој е во интерес на министерството, го спроведуваме“ рече Спасовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Обид за ракетен напад на Џеда, се одложува трката во Формула 1?

Следно

Арестович: Војната би можела да заврши за две до три недели

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian