Димитриевски: Имаме квалитет да играме против Италија, на теренот да се покажеме во најдобро светло

1 min read

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски вели дека „црвено-жолтите“ имаат квалитет да и се спротивстават на Италија во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на СП во Катар, а доказ за тоа се досегашните постигнати резултати.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски в четврток на 24 март го играат еден од најважните натпревари во историјата, против актуелниот европски шампион, а  влогот е финале во баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

– За целата репрезентација ова е веројатно најважниот натпревар. Се подготвуваме добро, целосно сме фокусирани на мечот. Имаме квалитет, не е лесно да се стигне до ова ниво и да се избориш за ваков натпревар. Треба да излеземе на терен и да се покажеме во најдобро светло. Во италијанскиот состав сите фудбалери се квалитетни, било кој и да игра, ние треба да бидеме максимално сконцентрирани во текот на мечот доколку сакаме да дојдеме до победа – вели Димитриевски.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со Викторија Лоба: Никогаш не пијам вода со оброците

Следно

Рендевски: Високиот процент на антитела кај граѓаните не значи дека е постигнат колективен имунитет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian