Бисерот на Барселона е новата шпанска „десетка“

1 min read

Фудбалерот на Барселона, Педри е новата „десетка“ на фудбалската репрезентација на Шпанија. Селекторот на „црвената фурија“, Луис Енрике на собирот на репрезентацијата, одлучи токму 19-годишниот фудбалер да биде новата „десетка“  наместо Тијаго Алкантара.

Одлуката на Енрике со задоволство беше прифатена од целокупната шпанска јавност бидејќи смета дека Педри ќе биде новиот лидер на репрезентацијата во наредната деценија и поради тоа „десетката“ е во вистински раце.

Педри досега го носеше дресот со број 26 во репрезентацијата, а експлодира на Евро 2020 кога беше прогласен за најдобар млад фудбалер. Селекцијата на Шпанија во наредните денови ќе одигра два пријателски натпревари со селекциите на Албанија и Исланд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | „Од цвеќиња до шлаканица“: Љубовната приказна на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Следно

Врз Мариупол фрлени две „супермоќни бомби“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian