Арсовска на средба со швајцарската амбасадорка Улман: Проекти преку програмите за поддршка

1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Срсовска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман.

На истата било разговарано за тековните проекти на кои работи Градот Скопје за подобрување на условите во кои живеат граѓаните, како и за продлабочување на соработката меѓу Градот и амбасадата на Швајцарија особено преку програмите за поддршка.

-Како области во кои има можности за поголема соработка на средбата се посочија демократско владеење преку мерки за зголемување на социјалната вклученост, јавна одговорност, поддршка на програми против насилство врз жени. Со тематскиот приоритет на Швајцарија во областа на меѓународната соработка, поддршката за институциите во локалната самоуправа може да допринесе за подобра заштита на животната средина и да го ублажи влијанието на климатските промени. Ова вклучува проекти за поддршка на јавен превоз, третман на отпадни води, енергетско ефикасно градење, користење на обновливи извори на енергија и биодиверзитет, порача Арсовска. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Груби до Мицкоски: Неговата партија има многу членови кои влегоа „голтари“ а излегоа милионери од политика

Следно

Лондон го обвини Кремљ дека стои зад измамничкиот разговор со британскиот министер за одбрана Бен Волас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian