Жените на Твитер го осудија Здравко Чолиќ: Што ти требаше оваа песна?

2 mins read

Многу жени деновиве на социјалните мрежи развија дискусија околу една добропозната песна на поп легендата Здравко Чолиќ.
Имено, станува збор за неговиот хит „Ti nikad neces biti kao moja mati“, за која се разврза тема и на Твитер, откако една позната твитерџика го покрена прашањето.

Таа запиша „Не ми е јасно што му требаше на Здравко Чолиќ песна како  „Ti nikad neces biti kao moja mati“; а на нејзиниот твит се приклучија мноштво следбеници кои го критикуваа наративот на песната, воедно давајќи примери и од останатата поп-фолк естрада, чии текстови се со слична тема.

Имаше и комични коментари од типот дека сето тоа е поради статусот на жената, која кога станува сопруга, никогаш не го добива истиот третман како мајката. Или пак, уште побизарно, дека се работи за „место во кујната“

Сепак, имаше и такви кои го оправдуваат текстот, а еден од нив е и со следново објаснување:

„Најзначајната група обожавателки на Здравко Чолиќ се жени од средни и повозрасни години. За секоја мајка која има син, оваа песна ја засилува емоцијата на супериорност и значењето на нивната жртва во споредба со помладите генерации“

Други пак, ја споредија оваа бизарна песна со Фројдовата теорија на „Едиповиот комплекс“ но и дека и самата Светлана Ражнатовиќ своевремено пееше „Licis na moga oca“. Oна што повлече бура на Твитер е дека оваа песна се провлекува низ генерациите, а има затскриено, понижувачко значење.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Комсомолскаја правда“: Во Украина убиени се 9.861 руски војник

Следно

ФОТО: Манчестер сити со најголеми приходи во минатата сезона

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian