Запрено истекувањето на амонијак во Суми

1 min read

Истекувањето на амонијак од хемиска фабрика во Суми кое загади поширока област е запрено, јавуваат украински официјални лица.

Гувернерот на областа, Дмирто Живички не откри што е причината за истекувањето, а загадувањето се проширило на околу 2,5 километри од сите правци од фабриката која произведува ѓубриво.

Фабриката се наоѓа на источниот дел од градот со околу 263.000 жители, кој последните недели е под чести напади на руските сили.

kurir.mk

Претходно

Општина Кисела Вода и тимот на “Не биди ѓубре” во акција: Исчистена огромна дива депонија

Следно

Петков за „Обзервер”: Ќе ја ослободам Бугарија од корупцијa

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian