Вучиќ: По седницата на Советот за национална безбедност ќе им одговориме на Приштина и Подгорица

2 mins read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека по утрешниот Совет за национална безбедност, ќе им одговори Приштина и Подгорица на одлуката за забрана за гласање на српските избори на места каде што нивните граѓани имаат такво право.

– Очекувајте сè, денеска Владата на Црна Гора забрани гласање во Беране и уште на неколку места за нашите избори, владата на Курти побара да ја признаеме независноста на Косово за да го организираме гласањето. Утре тие ќе добијат одговор, а ние добро знаете каков одговор ќе им дадеме. Одговор на сериозни и одговорни луѓе, но ќе има далекусежни последици“, рече тој.

Вучиќ за утре во 12 часот закажа седница на Советот за национална безбедност.

Според соопштението од кабинетот на српскиот претседател не се наведува која е причината за одржување на седницата, а медиумите пишуваат дека темите се поврзани со војната во Украина, настаните на Косово поврзани со изборите, како и енергетските и прашањата за снабдување со основни залихи на храна, кои се исто така во фокусот поради војната што се води на европско тло.

Последната седница на Советот за национална безбедност се одржува на 25 февруари, кога темата беше поврзана со војната во Украина, но и со ставот на Србија по прашањето за тие настани. Тогаш Советот за национална безбедност донесе заклучок од 15 точки во кој се изразува ставот на Србија за ситуацијата во Украина. Во документот, меѓу другото, се нагласува дека Србија дава целосна и принципиелна поддршка за почитување на територијалниот интегритет на Украина, дека се залага за мир, но и дека во овој момент не е во витален интерес на Србија да воведе санкции кон Русија или која било друга земја.

Советот за национална безбедност е орган на Република Србија кој врши задачи и должности од областа на националната безбедност, разгледува прашања од областа на одбраната, внатрешните работи и работата на безбедносните служби, а на надлежните државни органи им предлага мерки за унапрдување на Националната безбеднсот.

Членови на Советот се претседателот на државата, премиерот, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за правда, началникот на Генералштабот на војската на Србија и директорите на безбедносните служби.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина: Почна напад на Одеса!

Следно

Нови сознанија: Меркур можеби содржи 16 милијарди тони дијаманти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian