ВИДЕО | Неверојатна љубовна приказна: Запознала бездомник на улица, денес е татко на нејзините две деца

2 mins read

Една корисничка на „ТикТок“ го привлече вниманието на јавноста откако ја раскажа својата љубовна приказна. Девојката под корисничкото име @jasminegrogan1 раскажува како се заљубила во бездомник, му обезбедила сместување, храна и облека и на крај му родила две деца.

„Еден ден среднав бездомник пред продавница… Му понудив пари, не сакаше да прифати. Додека пазарев, не можев да престанам да мислам на него. Го прашав дали можам да му помогнам на било кој начин. Тој одби, но се согласи да ми помогне со кесите…“, напиша таа.

Девојката ја продолжува приказната велејќи дека му резервирала хотелска соба и дека кога се разделиле не можела да престане да размислува за него.

@jasminegrogan1 Reply to @songareum02 was the best decision I ever made🤍#myman #homeless #foryoupage #fiance ♬ Photograph – Ed Sheeran

Наскоро го поканила на ручек. Потоа го прашала дали сака да преноќи во нејзиниот стан. Му понудила да купи нова облека.

„Му купив облека и му реков дека може да спие кај мене една ноќ, но тој остана многу подолго од една ноќ бидејќи веднаш се вљубивме еден во друг. Знаев дека тој е вистинскиот“, раскажа таа.

@jasminegrogan1 So happy😅thank god #foryoupage #pregnacy #pregancytest #fiance #2kids ♬ original sound – Jasmine Grogan

„Тој е прекрасен татко и вереник“

Девојката во една од нејзините објави напиша дека биле на неколку состаноци и дека набрзо успеал да најде добра работа.

„Оттогаш не се разделивме. Тој е прекрасен татко и вереник. Ме запроси, секако дека реков да“, откри таа, додавајќи и двајцата се пресреќни што животот ги споил на толку необичен начин. „Верувам дека сè се случува со причина“, додаде таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Комсомолскаја правда“ ја повлече веста за бројот на загинати руски војници во Украина

Следно

Ван Гал: Смешна е одлуката да се одржи Светското првенство во Катар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian