Денеска во посета на Брисел е министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој ќе остане и во четврток на Самитот на НАТО, кога треба да пристигне и премиерот Димитар Ковачевски.
-Османи сега има работен појадок со 10-15 министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, организиран од грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас, што е добар сигнал дека Грција сака да ја вклучи С Македонија, и да слушне од министерот за надворешни работи каква е ситуацијата во контекст на оваа украинска криза, вели Тања Милевска, дописничата на МИА за Утрински брифинг.
-Знаеме дека Османи беше доста гласен околу важноста да се третира Западниот Балкан и проширувањето како безбедносно прашање, бидејќи ЕУ како да има тенденција да го заборава Западниот Балкан, а ситуацијата сепак е чувствителна, додава таа.
Османи ќе се обрати и пред Комисијата за надворешни работи на ЕП, ќе има средба и со Оливер Вархеји, изјави за Утрински брифинг дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска.
-Се очекува ЕУ да почне да разгледува и петти пакет на мерки санкции против Русија врз секторот за нафтата, додава Милевска.
-Ако гледаме попозитивно добро е што Жосеп Борел брзо ја слушна критиката по посетата на С Македонија, па реториката му беше посилна кога стаса во Тирана, но тоа далеку е од доволно. Клучно е сега да се испорача и тестот е отпочнување на преговорите со Албанија и С Македонија во јуни, вели Милевска.
Проследете го целиот разговор во видеото